07 февруари 2024

Превентивна активност на ОВР Ресен

Полициски службеници од СВР Битола, односно од ОВР Ресен, денеска (07.02.) на повеќе локации на подрачјето на Ресен спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата – „Заштита на шумите од кражби на дрва“.

Во непосреден контакт и разговор со граѓаните на повеќе места во и околу Ресен им беше укажано дека секое незаконско сечење на дрва претставува кривично дело кое се санкционира.


Во рамки на разговорите беше апелирано до граѓаните за потребата од внимателност и совесност, но и за потребата од навремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на превенција од последиците од бесправното сечење на шумите.

Целта на проектот беше да се информираат локалните жители за овој вид на криминалитет и да се подигне свеста на граѓани во насока на поголема одговорност и соработка со надлежните институции во откривањето и спречувањето на бесправната сеча на шуми, за што на граѓаните им беа поделени и едукативни печатени материјали со информативни содржини.