07 февруари 2024

Превентивна активност на ОВР Берово

Денеска (07.02.) полициски службеници од ОВР Берово спроведоа превентивна активност со жителите од село Црник, пехчевско.
Притоа, преку непосредни разговори со граѓаните тие беа информирани за појавите на семејно насилство, односно облиците на семејно насилство, како и за правата на луѓето и мерки за заштита при постоење на некој од облиците на семејно насилство. Дополнително, се разговараше за постапките и процедурите во такви случаи како и за достапноста на услугите за помош, заштитата и привремен престој.

Воедно, на граѓаните им беа поделени и летоци со информативни содржини за заштита од семејното насилство, а беа поставени и плакати со основни информации вклучително и со телефонски броеви за пријава во случај на потреба од помош и поддршка.