„
Денеска (06.02.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на општина Кавадарци, реализирана е превентивна активност под мотото - „Стави појас“, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и сопатниците, што воедно е дел и од законските норми во делот на сообраќајните правила и прописи.
Во рамки на превентивната активност на возачите, покрај укажувањата, им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.