06 февруари 2024

Превентивна активност на СВР Битола за побезбеден сообраќај


Полициски службеници од СВР Битола, во текот на денов (06.02) на подрачјето на Битола спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај.


Притоа акцентот бепше ставен на задолжителната употреба на зимска опрема како и околу опасностите што произлегуваат од конзумирањето алкохол кај возачите.
Покрај конкретните укажувања, вклучително и за законските консеквенци, на возачите им беа делени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП, а со информативни содржини за почитување на сообраќајните правила и прописи.