Денеска (05.02.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во средното општинско училиште „Наце Буѓони“ во Куманово организираа трибина на теми – „Деца жртви на семејно насилство“ и „Кажи не на дрогата, да на животот“. На учениците им беше укажано за последиците кои произлегуваат од користењето и трговијата со дрога, за последиците од конзумирање на алкохол и цигари. На трибината, покрај ова, учениците беа запознаени и со начините за рано препознавање на елементите на семејно насилство.
Трибините на овие теми организирани од Отсекот за превенција ќе продолжат и во наредниот период во другите средни училишта.