На 03.02.2024, Отсекот за превенција при СВР Штип во соодејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивни активности по мотото „Биди подготвен за зима“ и „Стави појас''.
Во рамки на активностите, од страна на полициски службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови, за потребата од прилагодување на движењето согласно зимските услови на патиштата, почитување на позитивната законска регулатива и задолжително поседување на зимска опрема.
Исто така, на возачите им беше укажано и за последиците кои можат да настанат како резултат од некористење на сигурносниот појас, како и тоа дека секој возач на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да ги користат додека возилото учествува во сообраќајот.