31 јануари 2024

„Биди подготвен за безбедно патување во зима“, превентивна активност на СВР Куманово

Денеска (31.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово на повеќе локации во централно градско подрачје во Куманово, реализираа превентивна активност во рамки на кампања – „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.

Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите, како непосредни учесници во сообраќајот, за задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и околу потребата од прилагодување движењето согласно зимските услови на патиштата, а во насока на безбедно движење и пристигнување на посакуваната дестинација. На возачите-учесници во сообраќајот им беа делени и летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени во соработка со РСБСП.