31 јануари 2024

„Биди подготвен за безбедно патување во зима“, превентивни активности на ОВР Кочани и Виница

Денеска (31.01.) на неколку улици во централните градски подрачја во Кочани и во Виница, полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Кочани и Виница спроведоа превентивни активности под мотото - „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.

Притоа, на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП, и им беше појаснето за важноста и обврските за поседување и носење на зимска опрема во возилата. Главна цел на активностите беше на учесниците во сообраќајот да им се потенцира задолжителното почитување на сообраќајните правила во зимски услови, дотолку повеќе што непридржувањето до истите може да биде причина за сообраќајни незгоди и со потешки последици. На возачите им беше укажано за обврската за поседување на зимска опрема за безбедно патување која е задолжителна во периодот од 15 ноември 2023 година до 15 март 2024 година.