Денеска (30.01.) полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола преку комуникација со граѓаните и делење летоци, во Ресен ја реализираа кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“. На средбите со граѓаните, полициските службеници информираа за важноста од заедничкото работење на полицијата и локалното население во насока на навремено идентификување на проблемите и решавање на сите предизвици во локалната заедница, како што се криминалот и нарушувањата на јавниот ред и мир. Притоа, беа нагласени важноста од функционирање и соработка со органите на локалната самоуправа, посебно со Локалните совети за превенција и Советодавните групи на граѓани со цел преку континуирано и планско работење да се превенира криминалитетот и останатите потенцијални опасности од девијантни однесувања.
На средбите беше потенцирано дека ваквата взаемна соработка ја зголемува довербата во полициските службеници. Главна порака од оваа кампања е дека полициското работење со заедницата значи градење на партнерство што се базира на меѓусебна доверба, а придонесува до зголемување на безбедноста во заедницата и поголема сигурност на нејзините жители.
Исто така, на цело подрачје на СВР Битола беа реализирани низа превентивни активности во насока на побезбеден сообраќај, при што на возачите им се делеа летоци изработени во соработка со РСБСП со едукативна содржина за опасностите од користење на мобилен телефон при управување на моторно возило, за алкохолот како причина за голен број сообраќајни несреќи, како и за неприлагодената брзина и не поседување на соодветна опрема.