На повеќе локации во централното градско подрачје во Штип, денеска (30.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица Штип, спроведоа превентивно едукативна активност на тема “МВР за граѓаните”, којa се реализираше преку непосредни средби со граѓаните.
Притоа, на граѓаните им беа давани совети за заштита од кривични дела од имотни деликти – џебна кражба, разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба и други кривични дела, потоа како да препознаат лица кои се со индиции да извршат вакви кривични дела, а воедно им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192. Воедно, во рамки на активностите на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина од областа на имотните деликти.