27 јануари 2024

Превентивни активности на Секторот за внатрешни работи Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција и на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај денеска (27 јануари) реализираа уште една од планираните превентивни активности во рамките на кампањата "Голомразицата и снегот предизвици за учесниците во сообраќајот- биди одговорен возач и користи зимска опрема".На пункт на излезот од Тетово, во близина на наплатната станица Тетово, на возачите им се делеа наменски изработени летоци со повеќе информации поместени во нив - како и што треба да практикуваат во зимски сообраќајни услови.Вакви информации и совети беа споделувани и во непосредни разговори со нив, при што посебно им беше обрнато внимание на законската обврска за користење зимска опрема до 15-ти март годинава и на предвидените импликации за непочитување на оваа обврска (парична глоба од 45 евра во денарска противвредност).Возачите, исто така, беа советувани и навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да внимаваат и да ја прилагодат брзината во вечерните и раните утрински часови, пред се ако патуваат кон Попова Шапка, Стража или Маврово, но и воопшто.Денешната активност, инаку е во соорганизаторство и со заедничка поддршка на МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје.