На подрачјата на Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на денов (23.01) беа реализирани низа превентивни активности кои што во најголем дел беа посветени на безбедноста во сообраќајот, но и на заштитата од имотните деликти.
Притоа, на подрачјето на Битола, беа реализирани средби со граѓаните во централното градско подрачје и со бизнис заедницата каде што на граѓаните и сопствениците на колонијални продавници, бутици, трафики им беа поделени совети и препораки за заштита од имотни деликти. Преку непосредни разговори и средби со граѓаните, полициските службеници даваа совети за заштита од кражби, измами и разбојништва. Во текот на активноста, на граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал.
Исто така, сообраќајот беше тема на активностите на Секторот за внатрешни работи Битола, при што на повеќе локации во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу користење на зимска опрема, заштитните појаси, како и околу прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот. Исто така беа посочени и опасностите од возење под дејство на алкохол, а на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.