23 јануари 2024

Превентивна активност на ПК Пехчево за побезбеден сообраќај

Полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево и комунални редари од општина Пехчево, денеска (23.01.) во Пехчево на улиците „Македонија“, „Буковик“ и „Првомајска“ реализираа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност под мотото -„Паркирај совесно и одговорно“.

Притоа, на возачите им беше укажано за последиците кои можат да настанат како резултат од неправилно паркирање, да не ги запираат, односно паркираат возилата на места на кои што би ја загрозувале безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Особено беше потенцирана безбедноста и движењето на пешаците и велосипедистите. Во рамки на активноста, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП .