Денеска (21.01.2024), Отсекот за превенција при СВР Велес, на подрачјето на Кавадарци и Росоман реализираа сообраќајно - превентивна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима".
Со оглед на моменталните временски услови на возачите им беше укажано на обврската за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, прилагодување на брзината кон условите на патот, задолжителното носење на заштитен појас и некористење на мобилни телефони при возење, како и за носење на потребната опрема и техничката исправност на возилата кои ги управуваат. Исто така, за време на активноста на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина.