Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи- Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица Штип, денеска (19.01.2024) на Градскиот пазар во Штип спроведе превентивно едукативна кампања на темата “Заштитете се од џепни кражби“. Притоа, на средби со граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина и им беа дадени совети за самозаштита. Особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се, преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192.