17 јануари 2024

Превентивна активност во Берово за користење на сигурносни појаси

Денеска (17.01.2024) полициски службеници од ОВР Берово на „Алкалоидска крстосница“ и на ул. „Маршал Тито“ во Берово реализираа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност. Притоа, под мотото „Биди паметен! Не заборавај!“ полициските службеници на возачите и на патниците им укажуваа секогаш да користат сигурносен појас, дури и на најкратките патувања.

Дополнително, на возачите им беше укажано и за последиците кои можат да настанат како резултат од некористење на сигурносниот појас, како и тоа дека секој возач на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да ги користат додека возилото учествува во сообраќајот. Во рамки на активноста на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.