Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска (16.01.2024) на подрачјето на Велес и Кавадарци, на повеќе локации во овие два града, како и на Градскиот пазар во Велес, спроведе превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена како „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, фокусирана на превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и измами врз постари лица и пензионери.
Ова превентивна активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните и во текот на низата разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа за начините за самозаштита, за сите важни елементи како да се препознаат и превенираат ваквите имотни деликти. Притоа беше нагласено дека еден од суштинските чекори е правовремената комуникација и соработка со полицијата.