Денеска (15.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип на повеќе локации во централно градско подрачје во Штип спроведоа превентивно едукативна кампања на тема – „Бизнисот и безбедноста на граѓаните - наша обврска”.
Активностите се реализираа преку непосредна средба со вработените, сопствениците на деловни објекти и со граѓаните, при што од страна на полициските службеници беа презентирани практични искуства и совети за заштита од имотни деликти. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а беа поделени и летоци со едукативна содржина.