Денеска (12.01.) од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП, на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров, поточно на главната улица во оваа скопска општина - улицата „Ѓорче Петров“ беше реализирана сообраќајно-превентивна активност под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување во зима “ и „Ако возиш, немој да пиеш“.
Во рамки на активностите, од страна на полициски службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со пораки за одговорно управување на возилата.
Исто така , во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот, задолжително носење на заштитен појас, некористење на мобилен телефон при возење, а особено беше потенцирано да не се вози под дејство на алкохол.