Од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со претставници од РСБСП вчера (11.01.) на подрачјето на ПС од ОН Кисела Вода, поточно на локации на булеварот „Борис Трајковски“ беше реализирана сообраќајно-превентивна активност под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување во зима “ и „Ако возиш, немој да пиеш“.
Во рамки на активностите, од страна на полициски службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со пораки за одговорно управување на возилата.
Исто така, во непосредни разговори на полициските службеници со возачите, беше укажувано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, како во интерес на индивидуалната, така и во интерес на општата сообраќајна безбедност. Односно дека со задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот, потоа со задолжително носење на заштитен појас или некористењето на мобилен телефон при возење, а особено неконзумирањето на алкохол драстично се намалуваат ризиците и евентуалните последици.