05 јануари 2024

Превентивни активности на СВР Велес

На 04.01.2024 од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на повеќе локации во Велес и Кавадарци спроведена е превентивна активност на темите ,,Петарди НЕ, безбедност пред се" и ,,Слави со срце, не со оружје". На граѓаните од страна на полициските службеници им беше укажано за опасностите и последиците од користење на пиротехнички средства, односно за опасноста од пукање со огнено оруже, како и законските импликации со кои што може да соочат поради непочитување на законските прописи. На граѓаните им им беа поделени и едукативни печатени материјали.