04 јануари 2024

Превентивни активности на СВР Битола за побезбеден сообраќај

Денеска (04.01.2024), како и во изминатиот период во континуитет, СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжи со кампањите од областа на безбедноста во сообраќајот ,,Користи зимска опрема“ и „Вози одговорно- прилагоди ја брзината“ и тоа во Битола, Крушево и Ресен, при што на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина и им беше укажано за штетите и последиците кои можат да настанат од некористење на зимска опрема т.е. зимски гуми, како и за последиците од неприлагодената брзина според условите на патиштата и според правилата за ограничување на брзината т.е. сообраќајните знаци.