04 јануари 2024

Превентивни активности на СВР Охрид за побезбеден сообраќај

 Денеска (04.01.2024), како и во изминатиот период во континуитет, Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжи со кампањите од областа на безбедноста во сообраќајот ,,Користи зимска опрема“ и „Вози одговорно- прилагоди ја брзината“ и тоа во Охрид и Кичево, при што на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина и им беше укажано за штетите и последиците кои можат да настанат од некористење на зимска опрема т.е. зимски гуми, како и за последиците од неприлагодената брзина според условите на патиштата и според правилата за ограничување на брзината т.е. сообраќајните знаци.