Денеска (30.12.2023) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Републички совет за безбедност на сообрќајот на патиштата и Општински совет за безбедност на сообрќајот на патиштата Кавадарци и Неготино, реализирана е сообраќајно превентивна акција под мотото „Ако возиш, немој да пиеш“, во која на возачите од подрачјето на Неготино и Кавадарци им беа поделени едукативни летоци со пораки за одговорно управување на возилата за време на Новогодишните и Божиќните празници. На возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината кон условите на патот, задолжителното носење на заштитен појас, некористење на мобилни уреди при возење, а особено беше потенцирано да не се вози под дејство на алкохол..