30 декември 2023
Превентивни активности на СВР Битола во Битола, Ресен, Прилеп, Крушево
Вчера (29.12.) во просториите на ОВР Прилеп при СВР Битола од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп беа поделени новогодишни пакетчиња за сите деца со посебни потреби кои се сместени во згрижувачки семејства на подрачјето на Прилеп и останатите градови.
СВР Битола, ОВР Ресен,ОВР Крушево денеска и во текот на вчерашниот ден во централните подрачја на овие градови беа насочени кон реализација на превентивни активности во насока на побезбеден сообраќај под мотото „Алкохол и волан -најлоша комбинација" при што покрај разговор со возачите на моторни возила, им беа поделени и едукативни материјали со предупредување да не конзумираат алкохол ако управуваат моторно возило и секако почитување на сообраќајните правила и прописи, посебно нагласено за време на престојните новогодишни празници.