Во средните општински училишта „Димитрија Чуповски“, „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“ во Велес, „Кирил и Методиј“ во Неготино, како и во основното општинско училиште „Пере Тошев“ во село Росоман, денеска (28.12.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес, а во содејство со медицински лица во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, на учениците им беа одржани едукативни предавања на тема „Петарди НЕ- Безбедност пред СЀ ”.
Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. На сите ученици воедно им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето, а истовремено им беа и предочени и законските казнени мерки со кои може да се соочат со недозволено поседување и испалување на пиротехнички средства и петарди.