26 декември 2023

Превентивни активности на СВР Куманово

Вчера (25.12.) во рамки на заеднички превентивно едукативни активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, полициски службеници при СВР Куманово беше посетено средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, а денеска (26 декември) беа посетени средните општински училишта „Гоце Делчев“ во Куманово и „Митко Пенџуклиски“ во Кратово.

На предавањата, од страна на лекарите беше нагласен ризикот од употребата на пиротехнички средства, пред се повредите на рацете, очите и други делови од телото. Покрај другото, учениците беа запознаени со законските одредби со кои се санкционира набавување и продажба на петарди и други пиротехнички средства. Исто така беа информирани дека продажбата и активирањето на петарди покрај прекршочно може да се санкционира и со кривична пријава.