Денеска (26.12.) во Средните општински училишта „Киро Спанџов Брко“ и „Ѓорче Петров“ во Кавадрци, полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес во содејство со медицинска лица, а во рамки на кампањата на МВР со Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, на учениците им одржаа едукативно предавање на тема „Петарди НЕ-безбедност пред СЕ“. Односно за сите опасности и штетни последици од незаконската употреба на пиротехнички-експлозивни материи.
И во текот на вчерашниот ден од страна на Отсекот за превенција при СВР-Велес во соработка со волонтери од „Црвен Крст“ Кавадарци како и ученици од повеќе училишта во Кавадарци на градскиот плоштад во Кавадарци беа спроведени превентивни активности посветени на темите - „Петарди НЕ-безбедност пред СЕ“ и „Слави со срце не со оружје“.
Во непосредна комуникација со граѓаните од страна на полициските службеници, волонтерите од „Црвен Крст“ и учениците, беше упатен апел за достоинствено прославување, без употреба на пиротехнички арсенали или огнено оружје, а беа поделени и летоци со едукативни и информативни содржини.