25 декември 2023

„Петарди Не –безбедност пред се “, превентивни активности на РЦГР Исток

Денеска (25.12.) во Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево, во рамки на кампањата на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, насловена како „Петарди Не –безбедност пред се “, полициски службеници од РЦ за ГР Исток и лекар специјалист педијатар од ЈЗУ „Гоце Делчев“ -Делчево , одржаа превентивно едукативна активност со учениците од прва година.

Преку соодветна презентација изготвена од страна на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Министерството за внатрешни работи учениците беа запознаени со најчестите повреди кои настануваат од употреба на пиротехнички средства- изгореници, повреди на очи, повреди на шака и сл.

Исто така, учениците беа запознаени и со законскaта регулатива што ги санкционира овие појави,односно дека за ова истите може да бидат прекршочно или кривично санкционирани.