25 декември 2023

Превентивни активности на РЦГР Југ

Во текот на вчерашниот ден (24.12.) од страна на полициските службеници од РЦ Југ, на Граничниот премин Богородица и на Граничниот премин Стар Дојран беше реализирана превентивна активност на тема „Не користи петарди и протехнички средства“ а во контекст на престојните Новогодишни и Божикни празници.

Исто така, полициските службеници од РЦ Југ во централното подрачје во општина Стар Дојран и во општина Гевгелија остварија средби со граѓаните на кои им беше поделен едукативен материјал и граѓаните беа запознаени со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства, кои можат да предизвикаат тешки и трајни последици. Исто така, граѓаните беа информирани и за казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лица кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства.