Денеска (22.12.) во рамки на заедничките превентивно едукативни активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово го посетија средното општинско училиште „Перо Наков“ во населбата Бедиње во Куманово, одржувајќи предавање во рамки на кампањата „Петарди НЕ, безбедноста пред се“.
На предавањата беа опфатени пет паралелки од прва година од оваа училиште, а од страна на лекарите беше нагласен ризикот од употребата на пиротехнички средства, пред се повредите на рацете, очите и други делови од телото. Покрај другото, учениците беа запознаени со законските одредби од набавување и продажба на петарди и други пиротехнички средства. Исто така, беа информирани дека продажбата и активирањето на петарди покрај прекршочно, може да се санкционира и со кривична пријава. Овие предавања ќе продолжат и во другите средни училишта.