Денеска (22.12.) во рамките на превентивно едукативните активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје насловени како „Петарди НЕ – безбедност пред се“, лекар од клиниката и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од Одделенијата за внатрешни работи во Радовиш и во Валандово одржаа стручни предавања, односно презентации пред ученици од средните општински училишта „Никола Карев“ и „Јане Сандански“ во Струмица, потоа во „Коста Сусинов“ во Радовиш и „Гоце Делчев“ во Валандово.
Во непосреден разговор со учениците од страна на лекарите се нагласуваше ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на учениците, пред се од повреда на рацете, очите и други делови на телата.
Исто така, учениците беа запознаени и со законскaта регулатива според која се санкционира неовластеното набавување, продажба и употреба на пиротехнички средства на јавни места, односно дека за ова истите може да бидат прекршочно или кривично санкционирани.