21 декември 2023

„Петарди НЕ, безбедност пред се“, превентивни активности на СВР Скопје

На 21.12.2023 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициските службеници од ПО Петровец и ПО Сарај, во ОУ „Гоце Делчев" во населба Илинден, ОУ „Бајрам Шабани" во с.Кондово и ОУ “Дрита“ во с.Рашче, одржаа едукативни работилници на тема „Петарди НЕ, безбедност пред се“ и во непосреден разговор со учениците им укажуваа на можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, појава посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божиќните празници. Беа потенцирани и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на сите граѓани.

Дополнително, во рамки на заедничките превентивно едукативни активности на МВР и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје во Спортска гимназија “Методија Митевски-Брицо“ се реализираше едукативна кампања “Петарди НЕ, безбедност пред се“. Лекари од клиниката и полициски службеници од ПСОН Центар одржаа стручни предавања со кои беа опфатени четири паралелки од прва година.