Во рамки на заедничките превентивно едукативни активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје денеска (21 декември) беше реализирана активност во уште едно од тетовските средни училишта - Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“. Лекарите од оваа Клиника и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, на заеднички предавања, со споделување на стручни професионални искуства, фотографии и друг материјал, им ги презентираа на учениците ризиците по здравјето што ги носи употребата на петарди и другата пиротехника и последиците што ги остава. Полициските службеници од СВР Тетово ги информираа за законските импликации (прекршочни и кривични) поврзани со набавувањето, продавањето, купувањето и активирањето на пиротехнички средства.
Кампањата во понеделник, на 25-ти декември продолжува во гостиварските средни училишта каде, исто така, ќе се одржат стручни предавања (презентации) од превентивно-едукативен карактер. Целта е подигнување на свеста и одговорноста на учениците, да се воздржат од набавување и активирање на пиротехнички средства во пресрет и за време на празниците.