20 декември 2023

Превентивни активности на СВР Битола

 
Денеска (20.12.2023) од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола  во ООУ ,,Мустафа Кемал Ататурк" во с.Пласница со учениците од училиштето беше реализирано  едукативно предавање за штетните последици од употребата на  пиротехнички средства.
 
Полициски службеници од ОВР Ресен, исто така во текот на денешниот и вчерашниот ден во централното подрачје на Ресен имаа средби со месното население при што реализираа превентивна активност при што покрај совети и препораки за заштита од измами, кражби и разбојништва на жителите на Ресен им укажуваа и на забраната од употреба и користење на огнено оружје и пиротехнички средства за време на престојните празници.
 
ОВР Крушево во текот на денешниот ден реализира превентивни активност за побезбеден сообраќај на тема „користи зимска опрема", каде на возачите им се укажуваше за задолжителното поседување  на зимска опрема во возилата.