Денеска (20.12.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово со учениците од средното општинско училиште „Ацо Русковски" во Берово, спроведоа превентивна активност „Петарди НЕ, безбедност пред се“. Активностите беа со презентација на видеобим и преку непосредни разговори и дискусии со учениците и професорите.
Тие беа запознати со последиците од користење на петарди и пиротехнички средства, а исто така им беа поделени и летоци со едукативна содржина, со посебен акцент на последиците од користењето на пиротехнички средства, како и предвидените санкции при користење на пиротехнички средства.