Денеска (19.12.2023) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес со учениците од Општинското основно училиште ,,Страшо Пинџур“ во Кавадарци, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници беше спроведена едукативна работилница „Не за користење на пиротехнички средства“.
На едукативната работилница на учениците им беше укажано на штетните последици од користењето на пиротехнички средства, како и опасностите по здравјето и безбедноста и законските санкции за недозволеното користење на пиротехнички средства.