Полициски службеници од СВР Битола денеска (19.12) реализираа превентивно-едукативна активност посветена на учениците од основните училишта. Притоа, во основното училиште „Климент Охридски“ во Битола спроведоа едукативни предавања на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање, како и за спречување на насилството помеѓу младите.
Полициските службеници од сообраќајната полиција на ОВР Ресен , исто така денеска и вчера во Ресен реализираа превентивна активност во насока на поголема безбедност во сообраќајот при зимски услови при што на возачите покрај препораки и совети за безбедно управување на возилата и соодветно паркирање им поделија и едукативен материјал.
Во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево реализираа превентивна активност за заштита од кражби, како и за санкциите и опасностите од неовластената употреба на пиротехнички средства.
ОВР Македонски Брод на подрачјето на Македонски Брод ,исто така реализираше превентивна активност со граѓаните за заштита од кражби и разбојништва.