15 декември 2023

Превентивна активност на СВР Скопје


Денеска (15.12.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе сообраќајна едукативна активност на подрачје на општина Карпош, во склоп на превентивната кампања „Биди подготвен - користи зимска опрема“.

Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал во форма на летоци и им беше укажано за почитување на законската регулатива за задолжително користење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.