15 декември 2023

„Не користи пиротехнички средства“, превентивни активности на СВР Струмица

На 14.12.2023 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица спроведоа повеќе превентивни активности на тема „Не користи пиротехнички средства“.

Отсекот за превенција при СВР Струмица активноста ја спроведе во Основното општинско училиште „Сандо Масев“ во Струмица, Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш реализираа ваква активност со учениците од шесто до деветто одделение од Основното општинско училиште „Никола Карев“ во Радовиш, а во Валандово полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово едукативното предавање на оваа тема го спроведоа со ученици од прва до четврта година од Средното општинско училиште „Гоце Делчев“.

Преку наменски подготвена презентација, учениците ги запознаа со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. На присутните им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни, бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни последици. Учениците беа запознаени и со законските санкции кои се предвидени за употреба, набавка и продажба на пиротехнички средства.