Полициски службеници од СВР Битола денеска (14.12), реализираа превентивно-едукативна активност посветена на учениците од основните училишта. Притоа, во основното училиште „Коле Канински“ во Битола спроведоа едукативни предавања на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, како и нивно навремено препознавање и превенирање, како и за спречување на насилството помеѓу младите.
Полициските службеници од сообраќајната полиција на СВР Битола, исто така денеска и вчера во Битола реализираа превентивна активност во насока на поголема безбедност во сообраќајот при зимски услови, односно реализација на кампањата на МВР и РСБСП „Користи зимска опрема", при што на возачите покрај препораки и совети за безбедно управување на возилата им поделија и печатен материјал.