14 декември 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (14.12.2023) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработката со полициските службеници од ПО Шуто Оризари и ПС Чаир, во Основното училиште „26 Јули", Основното училиште „Гоце Делчев" во с. Љубанци и Основното училиште „Лиман Каба" во с. Љуботен одржаа превентивни работилници на тема „Злоупотреба на петарди". Во непосреден разговор со учениците им беа предочени опасностите и последиците од употребата на петарди и други пиротехнички средства, појава посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божиќните празници, а беа потенцирани и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на сите граѓани.

Во Основното училиште „Кочо Рацин", пак, во соработка со тимот за безбедност од училиштето и ПС Центар беше одржан состанок за два превентивни проекта, и тоа „Безбедност во училиштата" и „За безбеден град".