13 декември 2023

Превентивни активности на СВР Куманово

Денеска (13.12) полициските службеници од СВР Куманово, во пресрет на новогодишните празници, реализираа превентивна кампања со посета на основните општински училишта во Куманово, каде беше поставен едукативен материјал околу злоупотребата, односно забраната за употреба на петарди и други пиротехнички средства.

Воедно полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово на повеќе локации во централно градско подрачје во Куманово, реализираа превентивна активност во рамки на кампања „Безбедно патување во зима“. Од страна на полициски службеници на возачите на моторни возила им беше укажано дека од 15 ноември започна периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата и важи до 15 март следната година и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот, независно дали е тоа во населено место или надвор од населено место, а исто така беше укажано и за почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови. На возачите-учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени во соработка со РСБСП.

Инаку денеска и вчера (13./12) и во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка во основното општинско училиште „Илинден“ и во подрачното општинско училиште „Илинден“ во село Мождивњак, кривопаланечко, реализираа едукативни работилници под мотото „Безбедни новогодишни празници“ , а поврзано со штетноста и казнивоста од употребата на пиротехнички средства.