13 декември 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (13.12.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) спроведе сообраќајна едукативна активност на подрачје на општина Центар, во склоп на превентивната кампања „Биди подготвен - користи зимска опрема“.

Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал во форма на летоци и им беше укажано за почитување на законската регулатива за задолжително користење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.

Покрај ова, денеска, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработката со полициските службеници од ПС од ОН Гази Баба во основните училишта „Вера Јоциќ“ и во „Наум Наумовски Борче“, одржаа превентивни работилници на тема „Злоупотреба на петарди" и „Правата на децата“. Во непосреден разговор со учениците, им беше укажано на можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, појава посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божиќните празници, како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на сите граѓани.

Вчера, пак, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработката со полициските службеници од ПО Мирковци во Основните училишта „Кирил и Методиј“ и „Александар Урдаревски“, одржаа превентивни работилници на тема – „Злоупотреба на петарди“.