Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес заедно со полициски службеници од Отсекот за економски криминал денеска (13.12.) во пензионерскиот дом во Велес, спроведoа превентивна активност, со посебен акцент на превенцијата од измами врз постари лица и пензионери, како и за измами со телефонски повици од странски броеви за наводни донирања на парични средства на беспомошни лица, при што се бараат лични податоци и трансакциски сметки кои подоцна може да бидат злоупотребени.
Полициските службеници на граѓаните им укажуваа како да се заштитат односно што да преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела.