13 декември 2023

„Не користи пиротехнички средства“, превентивна активност на СВР Струмица

На 12.12.2023 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица спроведоа превентивни активности на тема „Не користи пиротехнички средства“.

Отсекот за превенција при СВР Струмица во Основното општинско училиште „Видое Подгорец“ во Струмица, спроведе едукативно предавање на ученици од шесто до деветто одделение, на кое полициски службеници од отсекот преку наменски подготвена презентација, учениците ги запознаа со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства, кои можат да предизвикаат тешки и трајни последици, како и законските санкции кои се предвидени за употреба, набавка и продажба на пиротехнички средства.

Исто така и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш спроведоа едукативно предавање на оваа тема со ученици од прва до четврта година од Средното општинско училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш.