11 декември 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Денеска (11.12.) полициските службеници на целото подрачје на СВР Битола, во склоп на одбележувањето на Денот на превенција, во полициските станици беа домаќини на најмладите. При тоа, со нив разговараа за безбедноста во сообраќајот, а ги запознаа и со дел од материјално техничките средства за работа.

Денот на превенција на полицијата започна да се одбележува во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ од 09.12.2008, по завршувањето на обуката на првите инспектори за превенција и доделување на сертификати за нивна стручност во оваа област. Од тогаш практично, со Денот на превентивната работа на полицијата, а во соработка со заедницата, отпочна динамичното вклучување на полицијата во сите активности, за да денес полициските служби бидат незаобиколен фактор во важни превентивни проекти од значење за локалните заедници, а кои имаат за цел, тоа го покажува и статистиката - намалување на криминалот, зачувување на јавниот ред и мир, зголемување на безбедноста во сообраќајот, и генерално за поголема општа сигурност и безбедност на сите возрасти и категории на граѓани.