08 декември 2023

Реализирано едукативно предавање на тема ,, Не користи пиротехнички средства“ на подрачјето на СВР Струмица

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во текот на вчерашниот ден во Основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во село Дабиле, струмичко, спроведоа едукативно предавање на ученици од шесто до деветто одделение на темата „Не користи пиротехнички средства“.

Преку наменски подготвена презентација, учениците беа запознаени со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства, кои можат да предизвикаат тешки и трајни последици.

Исто така, учениците беа информирани и за казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лица кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства.