Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од годишната програма за работа денеска (07.12.) беа реализирани шест едукативни работилници на тема „Превенција од зависности – под мотото „Кажи НЕ на дрогата, ДА за животот “ како и на темата за Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства петарди.
Така, во СУГС „Владо Тасевски“ на подрачјето на Аеродром беа реализирани три едукативни работилници на темата ..Превенција од зависности“ со ученици од пет паралелки од прва година. Притоа, на интерактивен начин и со мултимедијални примери, на учениците им беа презентирани и објаснети информации, беа запознати со темата, појаснувајќи дека зависноста може да биде различна односно зависност од наркотици, алкохол, никотин, коцкање, мобилен телефон, интернет и друго. Дополнително на учениците им беше појаснето дека разните зависности често се генератор на агресивност, насилство и криминал а тоа носи далекусежни негативни последици по зависникот, неговото семејство и поширокото општествено опкружување. Исто така, објаснети беа и начинот на превенција од зависностите со посебен акцент на информираноста и едукацијата.
Покрај ова во соработка со полициски службеници од Полициската станица ,,Ѓорче Петров“ и Полициското одделение ,,Шуто Оризари“ беа реализираа превентивни активности односно две едукативни работилници во ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски “ и во ООУ„ Јоаким Крчовски“ на подрачјето на Ѓорче Петров и една едукативна работилница во ООУ „ Браќа Рамиз и Хамид“ на подрачјето на Шуто Оризари.