05 декември 2023
Реализирана превентивна активност на граничниот премин Табановце, посветена на илегалната миграција
Вчера (04.12.) полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север на овој граничен премин реализираа превентивна активност со патниците на влез кон Република Северна Македонија, посветена на илегалната миграција.
Притоа, во рамки на превентивните активности полициските службеници на патниците и возачите им делеа печатени материјали со пораки за спречување на илегалната миграција и им беше укажувано за значењето на превенцијата, но и казнивоста на илегалната миграција .